32 пресуди за прекршување на мерките за Ковид 19

7 основни суда низ државата донеле 32 пресуди за 41 граѓанин за кривичното дело , непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, објавија од Коалицијата сите за правично судење, врз основа на податоци заклучно со вчера.

За ова дело според кривичниот законик е пропишана затворска казна од парична до 1 година затвор а македонските судови до сега во овие предмети изрекле парични казни во вкупна сума од околу 1 милион и 100 илјади денари.

Најмногу или 13 пресуди има Кривичниот суд во Скопје следен е судот во Кавадарци со 8 пресуди.

Но ова е само мал дел од предметите кои се слеваат од обвинителството во судовите. Според анализата на Коалицијата од 17 ти март до вчера, обвинителството поднело 587 предлози за казнен налог за прекршување на мерките за Ковид 19. Најмногу обвиненија за има во Скопје 187. Зад него е Тетово со 54 па Битола со 47.

Овие предмети спаѓаат во итни и неодложни предмети за судовите во време на вонредната состојба.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ