29 нови случаи на Ковид 19, вкупно 177 во земјава

За 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус 20 нови во Скопје 20, 3 нови во Куманово три, три во Велес , два во Прилеп два и еден во  Дебар. Ова е втор пат како за 24 часа се потврдуваат нови 29 слуачаи.

Велес и  Прилеп се новите градови на мапата со заболени од Ковид 19.  Во велес има 3 случаи а во Прилеп 2 заболени.  Македонија по втор пат го достигна пикот од 29 дијагностицирани за 24 часа а вкупната бројка достигна 177 заболени од овој опасен вирус. Скопје останува со најмногу заболелни 108, од кои 20 последното денонокие.  Куманово со нови 3 заболени од корона има вкупно 11 од кои 1 починат и Дебар 1 нов или вкупно 41 од кои почина 1 пациент.  Штип останува со 7 заболени, Кавадарци два, Охрид два и Гостивар 1

Мегу заблените има и медицински лица доктори и медицински сестри но и вработени во МВР. Министерот Наќе Чулев во Топ Тема на Телма потврди дека станува збор за вработен во крим техника, вработен во полициска станица Бит Пазар и вработен во организациската единица за јавни набвки. Биле вршеле дезинфекции а сите што имале контакти со нив се тестираат. Мвр заеедно со генералниот секретаријат на Владата и МНР се задолежн за граѓани кои се вракаат од странство и одат во државен карантин.

Според податоците од мвр над 8800 граѓани биле во самоизолација а 1200 во изолација односно се решенија за здравствен надзор. Нови бројки ќе објават попладнево.

Од министерството за здравство и денеска посочуваат – Ако имате симптоми типични за коронавирусот, како што се сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, јавете се по телефон кај вашиот матичен лекар. Не одете во ординација, чувајте го вашето и здравјето на другите!

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ