28 турски градежни работници бараат да си заминат дома

28 турски државјани , градежни работници, сместени во една соба во студентскиот дом “Томе Стефановски –Сениќ” бараат да си одат  во Турција.

Тие работеле за градежна фирма која ги гради зградите кај бившиот Саем во Скопје и имаат се уште виза за престој во Македонија но поради состојбата со корона вирусот бараат да бидат вратени во својата земја.

Иако неколку пати се обратиле до конзулатот и до градежната фирма која ги ангажирала до сега никој не одговорил на нивните барања за заминување дома.

Од МВР за Телма велат дека ова е работа на турската амбасада и фирмата и дека тие во овој случај не можат да сторат ништо.

Работниците до редакцијата на Телма испратија снимки од местото каде престоијуваат а за кое велат тие нема основни услови за живот.

“Сакаме да си одиме дома не сакаме повеќе да останеме во Македонија сакаме да одиме во Турција.”

Во меѓувреме од турската амбасада за Телма изјавија дека за сега немаат организирано хуманитарни летови или конвои за транспорт на овие и други турски државјани во Македонија главно студенти и работници и дека се во постојан контакт со турското министерство за надворешни работи.

Од градежната фирма јавуваат дека ќе се погрижат за сместувањето , храната и престојот на работниците се до нивното заминување од Македонија.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ