Вести Македонија

Трет обид за набавка на нови еколошки автобуси

Уште еден обид главниот град да добие нови автобуси. Откако претходниот тендер беше поништен, Министерството за транспорт распиша нов оглас за набавка на електрични автобуси. Огласот е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки на 28 мај, а рокот за доставување понуди истекува за 20 дена.

Опозицијата тврди дека јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба и побара одговори од градоначалникот на денешната седница за советнички прашања.

„Последниот период има доста изјави од официјални претставници на град Скопје дека енормно е зголемен бројот на автобуси кои вршат јавен превоз и сето тоа со наратив дека ЈСП постигнува одлични резултати на тоа поле па се добива впечаток дека надвор по улиците освен автобуси на ЈСП многу ретко може да се абележи друго возило за јавен превоз, додека на терен имаме секојдневни поплаки од граѓаните дека чекаат автобуси по два час а а неретко и дека воопшто не стигнуваат“, изјави Игор Димески советник од Левица.

„Јавниот превоз е во многу лоша состојба во сите населби на градот Скопје. Иако вие ветувавте автобуси и други работи сепак тие ветувања паднаа пред граѓаните на град Скопје“, рече Незране Рустеми советничка од Националната Алијанса за интеграција. 

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски жали што не успеа и по втор пат тендерот на Владата за набавка на нови автобуси.

„Постапката за автобусите не ја водеше градот Скопје искрен ои мене ми е жал и бев силно погоден што пропадна постапката, но за разлика од минатото еве распишана е повторно постапката и се надевам дека ќе успее и овој пат. Тоа што ќе се обезбедат 100 автобуси, камо среќа да беа обезбедени и во времето кога вие имавте централна власт, сега ќе имавме далеку далеку подобра состојба во ЈСП“,  посочи Орце Ѓорѓиевски градоначалник на Град Скопје.

За време на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, набавката на нови автобуси беше редовна точка на седниците на Советот на Град Скопје, но тогаш советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не ја поддржуваа. По преземањето на функцијата, актуелниот градоначалник вети нови еколошки автобуси. По два неуспешни обиди, сега следува трет обид за обновување на возниот парк.

Првиот тендер, распишан во јуни 2025 година, пропадна бидејќи единствениот понудувач не ги исполнувал условите. Вториот беше поништен од страна на Државна комисија за жалби по јавни набавки по поднесена жалба. Како најповолни понудувачи тогаш беа избрани Електробус-Икарус и ЕВН но постапката беше стопирана откако една од четирите компании учеснички во тендерот поднесе жалба. Според новиот оглас, се бара компанија што ќе испорача 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србинка на 58 години очекува тројка по ин витро во Битола

Tea Dimkovska

Почина проф. д-р Драги Данев прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија

Дејан Дејан

Две децении најави за нов Клинички – во ветувањата се менува само локацијата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе