Uncategorized

Судењето за Димитровска во завршна фаза

Не сторил кривично дело туку и помагал на колешката Татјана Димитровска. Вака ревизорот Миле Столевски говореше во исказот на судењето каде е обвинет дека во име на експретседателката на ДКСК и ревизорка го положил тестот за класифицирани информации.

„По барање на драгата колешка Тајана, излегов во пресрет и ја посетував обуката од ДБКИ. Од неа ги добив корисничкото име и лозинката кои сама ги креирала на веб страната на ДБКИ. Како личност која секогаш е подготвена да помогне кога е потребно, пристапив на порталот, ја следев обуката и по нејзиното завршување беше креиран сертификат за завршена обука. Сакам да потенцирам дека не сум виновен и дека не е кривично дело да се помага кога е потребна помош. На пример кога родител или колега ќе ви даде банкарска картичка за да купите бурек или цигари“, изјави Миле Столевски, обвинет.

Димитровска нема да дава одбрана. На почетокот на судењето негираше вина за двете дела и за комјутерски фалисификат но и дека  преку  апликациите „Viber“ и „WhatsApp“ му одала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во Адитив.

За одавање службена тајна  обвинителството ја гони и Билјана Петрова Мантева вработена во ТЕЦ Неготино. Обвинета е дека на Стојановиќ  преку апликацијата „WhatsApp“ му сликала и испратила изввестување од обвинителството кое барало документи за спроведена постпака за мазут. Таа денеска тврдеше дека извршувала работни обврски и дека документацијата на Стојановиќ му ја испратила како на претпоставен – директор во Тец Неготино, а не на неовластено лице како што тврди обвнителството. Рече и дека документите не биле службена тајна. Обвинителката пак ја праша дали тогаш Стојановиќ користел одмор и му биле одземени овластувањата, а Мантева одговори дека не се согласува и нема информации

Судењето влегува во завршна фаза. На следното рочиште обивнителстовто и одбраната ќе даваат завршен збор по што ќе следува и пресуда.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Србите на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале собири за поддршка на Вучиќ

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе