Вести Македонија

Србинка на 58 години очекува тројка по ин витро во Битола

Педесет и осумгодишна жена од Србија остана бремена со тројка по ин витро оплодување во болницата „Плодност“ во Битола, со што таа е највозрасната пациентка која забременила во оваа здравствена установа. По долгогодишна борба со неплодноста, таа успеа да ја оствари желбата за мајчинство.

По пет години менопауза, со соодветна подготовка на слузницата на матката успеавме повторно да воспоставиме услови за бременост. Подготовката траеше околу шест месеци, по што беше реализирана бременост со донирани јајце-клетки и семен материјал од нејзиниот сопруг“, изјави д-р Таше Трпчевски од болницата „Плодност“ во Битола. 

Претходно кај пациентката се  извршени сите неопходни медицински процедури и направени детални проценки на нејзината здравствена состојба. Иако случајот претставува своевиден медицински феномен, д-р Трпчевски нагласува дека станува збор за комплексна и ризична бременост која бара внимателно следење и континуирана медицинска грижа.

„Таа ни кажа дека поради напорниот и долг пат до Битола ќе се обрати до институциите во Белград. Тамошниот етички комитет ќе треба да донесе проценка дали ќе се изврши редукција на ембрионите или ќе останат сите. Ако останат трите ембриони и пациентката ги донесе на свет трите деца, тоа навистина би било куриозитет“, изјави д-р Трпчевски.

Во болницата „Плодност“ досега имаше повеќе успешни бремености кај пациентки постари од 50 години. Највозрасната која претходно се породила во оваа болница беше  54-годишна пациентка, која пред неколку години роди  близнаци како сурогат-мајка на својата ќерка.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трет обид за набавка на нови еколошки автобуси

Tea Dimkovska

Почина проф. д-р Драги Данев прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија

Дејан Дејан

Две децении најави за нов Клинички – во ветувањата се менува само локацијата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе