Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани во градот Генерал Сантос на југот на Филипините, каде што се урна пазарна конструкција по силниот земјотрес што ја погоди земјата… Генерал Сантос е меѓу најтешко погодените подрачја од катастрофата.
Според локалните власти, најмалку 32 лица загинале, а повеќе од 200 се повредени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот.
Станува збор за најсилниот земјотрес што ја погодил земјата оваа година… Земјотресот предизвика и цунами со висина од околу еден метар долж делови од крајбрежјето, при што беа оштетени десетици домови во најмалку едно крајбрежно село.
Властите предупредуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека на терен продолжуваат спасувачките операции.
