Во Основниот суд продолжува судењето против суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов, обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари, во случај поврзан со 350 илјади евра пронајдени во семејна куќа во Неготино.
Обвинителството тврди дека парите не можеле да бидат стекнати на легален начин и дека постојат докази оти биле сокриени и поврзани со незаконски активности, додека одбраната инсистира дека станува збор за средства на родителите и најавува повеќе вештачења, меѓу кои ДНК и финансиска анализа.
Ристов на претходното рочиште ги негираше обвиненијата кои му се ставаат на товар и тврдеше дека случајот претставува преседан, додека неговиот адвокат наведува дека обвинителството нема цврсти докази. Додека трае постапката суспендираниот апелационен судија останува во куќен притвор.
