Вести Македонија

Мицкоски без конкретни очекувања од средбата Давкова – Јотова

Без конкретни очекувања е премиерот Христијан Мицкоски, од посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и шефот на дипломатијата, Тимчо Муцински на Софија во рамки Процесот на соработка во Југоисточна Европа. Мицкоски за тоа дали интензивната соработка која земјава ќе ја има со Германија и Франција, што е договорено со челниците на овие држави на самитот во Тиват, ќе има влијание врз утрешната средба на Давкова со бугарската претседателка, Илија Јотова и ќе влија за подобрување на односите со Бугарија, кратко одговори дека не знае.

„Не знам дали ќе има и што ќе има и која би била евентуалната содржина. Но ние имаме план и стратегија и знам кој е нашиот план и стратегија и ние одиме кон тој план и таа стратегија“, рече Мисцкоски.

Мицкоски кој од самитот ЕУ – Западен Балкан се врати многу задоволен од средбите со германскиот канцелар, Фридрих Мерц и со францускиот претседател, Емануел Макрон, околу надминување на проблемот за продолжување на евроинтегративниот процес на земјава, за што Македонија бара ганранции дека доколку ги спроведе уставните измени нема да има наметнување на нови билатерални теми во текот на преговорите со ЕУ, денеска повтори дека нема јавно да зборува за деталите, но оти стратегијата на Македонија за реализирање на целите се спроведува.

За односите со Бугарија Мицкоски е на став дека треба камо и со сите други соседи да се градат добрососедски односи, но на принцип на двонасочна улица, бидејќи, како што вели, за секоја работа во животот треба најмалку двајца.

Инаку Мицкоски кој по победата на Радев на изборите и формирањето на нова влада во Софија, јавно преку медиумите му упати покана за средба, во Тиват, како што изјави викендот само се поздравиле од култура која се учи во првите седум години од животот, одговарајќи на прашањето дали имало обид за нивна средба.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две децении најави за нов Клинички – во ветувањата се менува само локацијата

Tea Dimkovska

Јакимовски со потврдена казна од една година затвор, дел од предметот се враќа на повторно судење

Tea Dimkovska

Судијата Ристов го користел просторот во куќата во Неготино каде беа пронајдени 350 илјади евра

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе