Вести Македонија Најважни

Јакимовски со потврдена казна од една година затвор, дел од предметот се враќа на повторно судење

Една година затвор потврдена, поништена пресудата за три години затвор, но поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски повторно ќе седне на обвинителната клупа во скопскиот суд за злоупотреба на службена положба, за три дела од еден судски процес скопскиот Аплелационен суд донесе одлука. Во делот за обвинение за бесправно градење кој се однесува на зградата односно бараката во која беше сместена општина Карпош додека траеше изградбата на новата општинска зграда, Апелација ја потврди првостепената затворска казна.

„Пресудата против обвинетиот С.Ј. – поранешен градоначалник на општина Карпош, за кривичното дело – Бесправно градење од чл. 244 – а ст.1 од КЗ за кое дело му е утврдена казна затвор во траење од 1 година СЕ ПОТВРДУВА, а во изречената казна затвор му се засметува и времето минато во куќен притвор од 19.03.2019 год до 15.08.2019 година“, стои во соопштението на Кривичен суд Скопје.

Од кривичниот суд потврдија дека денеска ја добиле пресудата по што таа ќе биде прераспределена до судија за извршување на санкции и ќе следува испраќање на упатен акт до осудениот. Процедурата за упатување на издржување на затворската казна ќе трае во зависност од капацитетот на затворот во Шутка, бидејќи Јакимовски има преостанато уште седум месеци казна.

Апелација му ја поништи казната од три години за злоупотреба при издавањето на уверенија за општинската барака бидејќи второстепениот суд утврдил дека во описот на делото на обвинението не се содржани битните елементи на кривичното дело за кое се гони.

Од друга страна, дел од обвинението кое според кривичниот суд застарело, повторно ќе се врати на судење бидејќи Апелација ја поништи првичната одлука и Јакимовски ќе биде обвинет за злоупотреба на службената положба. Јакимовски најави прес-конференција и вели дека неочекувана е одлуката на скопскиот АПелационен суд која денеска е објавена. Изминатите недели, Јакимовски беше активен на социјалните мрежи каде го критикуваше боледување на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски и тврдеше дека тоа боледување не е согласно законот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србинка на 58 години очекува тројка по ин витро во Битола

Tea Dimkovska

Трет обид за набавка на нови еколошки автобуси

Tea Dimkovska

Почина проф. д-р Драги Данев прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе