Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 70 km/h).
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минимална температура (во °C)
0 Берово, 3 Битола, Mаврови Анови, Лазарополе, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Демир Капија, Струмица, 5 Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Попова Шапка, 6 Велес, Гевгелија, 7 Кавадарци, 8 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Kрушево, 9 Виница.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
57 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
