Вести Македонија Топ вести

Над 1.000 студенти останаа без субвенциониран студентски оброк

Повеќе од 1.000 студенти останаа без субвенциониран студентски оброк, објавија  СтудентаријаМК,  кој се декларира како извор за информации на најголемата заедница на студентите во Македонија.

Поради бавни и неефикасни административни постапки на дел од факултетите и институциите, многу студенти не се најдоа на листите за ноември, по што им беше прекинато правото на субвенциониран оброк, се вели во нивната објава.

-Сега, кога рокот за аплицирање е завршен, тие ќе можат повторно да аплицираат дури во декември, што значи дека ќе останат без оброк цели два месеца“, информираат од СтудентаријаМК и апелираата Министерството за образование и наука што поскоро да излезе во пресрет и да им го овозможи правото на студентите што им следува со закон.

Здравје на студентите загрозено од супстандардните услови во штипскиот дом – од мувла во тоалети до паштети како единствени оброци за викенд

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србинка на 58 години очекува тројка по ин витро во Битола

Tea Dimkovska

Трет обид за набавка на нови еколошки автобуси

Tea Dimkovska

Почина проф. д-р Драги Данев прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во самостојна Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе