Неблагодарно е од една страна да се зборува дека ако растат платите, ќе расте и инфлацијата, а од друга една по една да се зголемуваат функционерките велат од ССМ. Вчера излезе одлука со која се зголемува коефициентот на плата на директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Според, пресметката на синдикатите со ваквата измена примањата на директорот на оваа институција ќе се зголемат за над 12 илјади денари.
Уште еднаш потенцираа дека државата не го почитува Општиот колективен договор со кој примањата на вработените во јавниот сектор од март требаше да се зголемат за 12, 6 отсто, а фунцкионерските иако не се поместуваат може би минимално но повторно растат со растот на просечната. Па, поради тоа од ССМ велат дека не може да се зборува дека работничките плати се причина за инфлација.
Може би до крајот на годинава уште пет пати че ги усогласат функционерите платите а ние ќе чекаме следен Екононско социјален совет до другиот март за да се зголеми само минималната плата. безобразно е да се зголемуваат плати на функционери директори може би имало покачување на плати во приватен сектор во одредени дејности каде некои работодавачи се соочуваат со недостаток на работници и принудени се да ги качат платите, но ниедно оправдување нема да се покачат плати на функционери кои надминуваат 100 илјади денари со тоа може да имаме покачување на инфлацијата, но во никој случај не може да кажеме дека со покачување на пензии од 2.000 денари или плата ќе вивне инфлацијата и повторно ќе имаме високи цени.
Премиерот Мицксоки пак на крајот од минатата година кажа дека едно е сигурно, а тоа е дека платите на функционерите оваа година нема да растат.
Од синдикатот причината за повисоката инфлацијата ја лоцираат исклучиво во сивата економија.
Има навистина голем дел од работодавачите кои даваат пари во плик, црн фонд на пари и покачување на плати на функционери а не на работници и не се проблем оние на пензионерите и работниците кои трошат туку пратениците министрите директорите, додава Пешевски.
Вчера, статистика измери за 3, 3 отсто повисока инфлација во мај годинава во однос на мај лани. Поскапување има во речиси сите сегменти. Надлежните претходно често зборуваа дека трошењето на домаќинствата и растот на платите ја зголемуваат инфлацијата. Од ССМ пак чекаат да се закаже нов ЕСС и повторно ќе побараа раст на минималната плата надвор од она што е според законот.
Ирена Чачкова