Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е новата в. д директорка на кочанската Општа болница, на место на досегашната Кристина Серафимова, која е разрешена од функцијата.
Решението го потпишал заменик министерот за здравство, Јовица Андовски.
Паниќ – Мирчковска е специјалист по општа хирургија. Таа требаше да замине од кочанската болница, но во нејзина одбрана застанаа повредените во пожарот и нивните родители, кои изразија голема доверба во докторката, подвлекувајќи дека таа доверба не е стекната лесно, кога се поминува низ траума и неизвесност.