Кристијан Киву е нов тренер на Интер и ќе го наследи Симоне Инзаги, кој кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија во Ал Хилал.
Романецот изминатата сезона беше на клупата на Парма на вкупно 13 натпревари. Киву е поранешен играч на „нераѕурите“ и беше дел од генерацијата што ја освои „триплетата“ во 2010 година. По пензионирањето во 2018 година се врати во Интер како дел од тренерската академија и работеше во младинските категории до 2021 година.
Доби двегодишен договор од Интер, но интересно не беше првиот избор за тренерската позиција, бидејќи клубот прво преговараше со Сеск Фабрегас од Комо.