Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје против В.К. во својство на поранешен Извршен директор на Сектор за Воздухопловна Техника М-НАВ поради основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба“ и против Б.А. во својство на в.д. раководител на одделение за јавни набавки во М-НАВ за „Несовесно работење“.
Првопријавениот В.К. извршил спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една во текот на 2022 година, спротивно на Законот за јавни набавки. Второпријавената Б.А. со пропуштање на должен надзор и спротивно на Законот за јавни набавки, ја објавила на електронскиот системот за јавни набавки со што овозможила спроведување на тендерот.
Пријавените го оштетиле Буџетот на М-НАВ во износ од еден и пол милион денари, односно нешто повеќе од 26.000 евра.