Америка внимателно го следи развојот на ситуацијата со протестите во Турција. Американскиот државен секретар Марко Рубио му изразил загриженост на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во врска со апсењата во последните денови, објави американскиот Стејт департмент.
Британските медиуми пренесуваат дека на средбата со Фидан во Вашингтон, Рубио „го нотирал неодамнешниот напредок во билатералната трговија и го охрабрил натамошното посилно економско партнерство“. На средбата, според соопштението од Стејт департментот, Рубио побарал поддршка од Турција за воспоставување мир во Украина и Јужен Кавказ.
Тој високо ја оценил водечката улога на Турција во Глобалната коалиција за поразување на Исламска држава и повторно ја нагласил потребата од блиска соработка за поддршка на стабилна, обединета и мирна Сирија, која нема да биде ниту база за меѓународниот тероризам, ниту пат за дестабилизирачки дејствија од страна на Иран“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.