Вести Свет Топ вести

Додик потврди дека организаторите на конференцијата за борба против антисемитизмот го прогласиле за непожелна личност

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик вчеравечер потврди дека организаторите на конференцијата за борба против антисемитизмот, што се одржува во Ерусалим, на самата средба практично го прогласиле за непожелна личност, поради што бил принуден да ја напушти.

Додик ова го изјави за израелскиот весник „Џерусалем Пост“ во текст што е достапен на веб-страницата и во кој се наведува дека бил принуден да ја напушти конференцијата за антисемитизам во Ерусалим по само еден час од нејзиниот почеток, наводно откако израелските власти го информирале дека неговото присуство е дипломатски проблематично затоа што Судот на Босна и Херцеговина наредил распишување меѓународна потерница против него.

  • „Дојдов во Израел да зборувам против антисемитизмот… Наместо тоа, открив дека не сум добредојден – гостин кој се чувствувал како натрапник“, рече Додик во интервјуто за главниот уредник на „Џерусалим пост“, Звика Клајн.

Клајн појасни дека луѓе од опкружувањето на Додик претходно го повикале да организира интервју што ќе биде објавено подоцна, и тој објасни дека го прифатил тоа затоа што Додик „стана централна и поларизирачка фигура во балканската политика“, а тој, како што го опишува лидерот на Република Српска, „поранешен умерен реформатор зазеде жесток националистички и проруски став“.

Иако изрази одредено разбирање за наводите на Додик за проблематичното влијание на радикалните исламисти врз БиХ, Клајн сепак посочува дека актуелниот лидер на босанските Срби „опасно зачекори во историскиот ревизионизам“, особено со негирање на геноцидот врз Бошњаците во Сребреница извршен во 1995 година.

Медиумите во РС, блиски до Додик, кои известуваат од час во час за неговиот престој во Израел, ги премолчеа наводите на „Џерусалим Пост“ и објавија фотографија од неговата  средба од нога со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на конференцијата во Ерусалим.

„Во име на Република Српска дадов целосна поддршка на државата Израел и нејзиниот премиер Бенјамин Нетанјаху во борбата против антисемитизмот, тероризмот и политичката нетрпеливост“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе