Вести Свет Топ вести

Најдени во замрзнато езеро во Алјаска – татко и две деца преживеаја пад на авион

Татко и две деца преживеаја пад на авион, откако по 12-часовна потрага беа пронајдени во пустелија во Алјаска. Спасувачите го лоцираа леталото на замрзнато езеро на полуостровот Кенаи, на југоисточниот брег на Алјаска и безбедно го превезоа пилотот и неговите две деца.

По падот на авионот, несреќните татко и деца се сместиле на крилото и чекале помош, а случајот локалните медиуми го опишаа како „чудо“. Со часови беа опкружени со мраз, без засолниште од ветрот или студот, а навистина е неверојатно што преживеале во такви услови, се вели во дел од написите. Објавените фотографии откриваат дека авионот бил делумно потопен во езерото.

Таткото Морис е многу активен на социјалните мрежи и често споделува видеа со своите деца додека се подготвуваат за лет. Очигледно, неговиот авион се урнал во неделата навечер додека биле на обиколка на замрзнатата област. Морис и неговите деца се пренесени во локална болница на полуостровот Кенаи, а нивните повреди не се опасни по живот. Причината за падот на авионот се уште не е утврдена, а властите започнаа истрага.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе