Вести Македонија

Од фразата „театар на апсурдот“, до обвинувања за институционални пропусти – партиите со реакции за хоророт во Кочани

Од фразата „театар на апсурдот“, до обвинувања за ланец на институционални пропусти. Партиите со реакции за трагедијата во Кочани.

Бројни прашања се отворени, додека пак, власта тврди – институциите се професионални и посветени во потрагата по одговори.

Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) прашува – дали Управата за јавни приходи го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на дискотеката „Пулс“?

„Според податоците објавени во Бизнис мрежа, фирмата „ММММ Кафе“, сопственик на дискотеката „Пулс“, работела со блокирана сметка дури 217 дена. Евидентирана блокада, која сѐ уште не е тргната, била заведена на 16 август 2024 година. И тука се поставува суштинското прашање: Дали Управата за јавни приходи требала да го затвори клубот уште во септември 2024 година? Дали некој ја стопирал постапката? И ако да – зошто? Со каква цел?“, вели Мартин Костовски од СДСМ. 

Реагираат и од Демократската унија за интеграција. Ова што се случува сега е „трансакција, а не правда“, велат од партијата од Мала Речица.

Правниот поредок е разорен, довербата во судството  е уништена, а тие што се директни виновници за трагедијата се на слобода, оценуваат од ДУИ.

Го прозваа министерот за внатрешни работи, директорот на БЈБ, министерот за економија, директорот на Пазарна и директорката на УЈП.

„Овие лица се директно надлежни, институционално и правно, да вршат контрола, надзор и да спречат трагедии од ваков тип. Овие се луѓето кои денес имаат моќ да влијаат врз доказите и да вршат притисок врз сведоците. Но, ниеден од нив не одговара. Наместо тоа, гледаме извртување на правдата: во притвор се оние кои не се на функција, немаат институционално влијание, и не можат да го попречат процесот“, се вели во соопштението на ДУИ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ им одговорија на опозициските партии кои реагираат за институционалните пропусти и недоследности.

„Институциите работат професионално и првпат пред лицето на правдата се изведуваат сегашни и поранешни функционери, без разлика на партиската или етничката припадност“, велат од владејачката партија. 

Во опсежна и сеопфатна истрага се испитуваат сите причини кои доведоа до трагичниот настан во Кочани и сите одговорни се изведуваат пред лицето на правдата, а меѓу нив има 40 лица функционери од сите партии, како и луѓе кои не се политички определени, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во Москва

Дејан Дејан

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Дејан Дејан

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе