Истовремено со израелските напади во Газа, продолжуваат и нападите на Хутите врз цели на израелска територија. Во Ерусалим и уште неколку области ноќеска се огласија сирени за ракетна опасност, откако израелската војска пресретна проектил истрелан од Јемен.
Јеменската бунтовничка група ја презеде одговорноста за лансирање на различен тип на проектили врз израелски и американски цели. Нејзиниот портпарол, пак, порача дека групата ќе продолжи со напади се додека не престане агресијата во Газа и не биде укината блокадата за хуманитарна помош.