Вести Свет

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

На 70-годишна возраст во Белград почина Светлана Броз, кардиолог, активистка за човекови права и внука на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито. Смртта, како што пренесуваат медиумите во регионот, настапила како последица на мозочен удар што го претрпела пред три недели.

Броз дипломираше на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година, а од 1981 година до 1999 година работеше како кардиолог на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград. Беше истакнат борец за човекови права и авторка на култната книга „Добри луѓе во зло време“ која е преведена на шест јазици, но и на книгите „Имам храброст“, „Праведниците од Руанда меѓу заборавот и помирувањето“, „Галаксијата Гоер“ и „Мои“. Покрај личниот творечки опус, беше коавторка на бројни книги во светот од областа на мировните студии.

Светлана Броз беше основачка и директорка на невладината организација „Гариво“ Сараево во која, меѓу првите во Европа креираше и водеше едукација за граѓанската храброст преку јавни предавања. Ја востанови и наградата „Душко Кондор“ за граѓанска храброст и нејзина афирмација, а направи и повеќе од 40 документарни филмови за лауреатите.

Броз предаваше на 52 американски универзитети и на 80 во Европа. Беше прогласена за почесна граѓанка на Тузла. Носител е на француски национален Орден за заслуги, потоа на Златна лента за образование „Маргарита Зоебели“ на Италија, а во Милано се стекна со

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе