Во сообраќајна несреќа во Куманово која се случила во четвртокот навечер повредени се 6-мина пд кои 4 полицајци.
Кумановец со пасат се судрил со голф во сопственост на МВР. Возачот и сопатникот се повредени. Со повреди во болница завршиле и полицајците кои биле во голфот. Отвпрена е истрагата за несреќата.
Соопштение на МВР:
На 13.03.2025 во 19.34 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Благој Илиев Гуне“ и „Страшко Симонов“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(38) од Куманово и патничко моторно возило „голф“ сопственост на МВР. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Љ. и неговиот сопатник Б.А.(45) и четири полициски службеници од возилото на МВР. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.