Вести Македонија Топ вести

Обвинителството жалејќи се доби притвор за Јахоски

Притвор и за Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски.

Откако обвинителството се жалеше на куќниот притвор Кривичниот суд денеска на јавна седница ја преиначи одлуката и му додели притвор на Јахоски кој веќе е обезбеден од органите на прогон и се наоѓа во затворот во Шуто оризари.

Јахоски е еден од осомничените во истрагата за злоупотреба на тендер за набавака на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.

Мерката куќен притвор , определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци, соопштија од кривичен.

Против ова решение Јахоски има право на жалба. Обвинителството вчера поднесе жалба за куќниот притвор, а само Јахоски од сите осомничени за кои се бараше мерка притвор доби куќен притвор.

Со истрагата се опфатени и Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственици на РКМ, екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство и поранешениот секторски директор во ЕСМ, Ардијан Муча, како и уште 8 други лица кои учествувале во спроведувањето на набавките.

Сулкоски е поранешен вработен во Пуцко Петрол, а потоа стана еден од сопствениците на РКМ заедно со Капушевски.

ЕСМ во периодот меѓу 2021-ва и 2023-та за ТЕЦ Неготино купи над 160 милиони евра мазут. Со истрагата е оспорен начинот на распишување на јавните набавки и има сомнежи за перење пари добиени преку набавката на мазутот.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во Москва

Дејан Дејан

Најмалку 90 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 48 часа

Дејан Дејан

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе