Вести Економија Свет

Канада од утре воведува царини за одредени производи од САД

Канада од утре воведува царини на одредени американски производи, како одговор на „неоправданите и неразумните“ царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп на челикот и алуминиумот.

  • Царини од 25 отсто ќе бидат воведени за американски увоз во висина од 29,8 милијарди канадски долари, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк.

Тоа посебно се однесува на компјутерите, спортската опрема и производите од леано железо.

Денеска во сила стапи американското зголемување на царините за 25 отсто за канадскиот челик и алуминиум.

Европската комисија најави дека од 1 април ќе применува „пропорционални“ царини за низа американски производи, како одговор на американското зголемување на царините.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе