Црвениот крст денеска доби ново мобилно оперативно возило за справување со кризи. Опремено е со алатки за брза комуникација со оперативните центри и можност за поефикасна команда на мобилните тимови на терен, при несреќи и катастрофи. Новата опрема е донација од Амбасадата на САД во Македонија.
Мобилното оперативно возило претставува оперативно комуникациски мобилен центар и ќе овозможи справување и брзи и ефикасни одлуки за делување во кризни состојби, поврзување со сите институции вклучени во системот за кризен менаџмент, како и со мобилните тимови на терен.
Возилото е опремено со најсофистицирана опрема за комуникација со сите институции, во чија внатрешност има тетра радио станици, дрон со термална камера, сателитски интернет, струјно напојување. Возилото може да се користи во пожари за пребарување на изгубени лица.