Вести Македонија Топ вести

Проектите на пауза, поддршката од УСАИД на ревизија – амбасадорката Агелер вели „тука сме, САД не заминуваат“

Ние не заминуваме никаде, тука сме. Ова е одговорот на американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, на прашањето дали американската амбасада направила проценка колку запирањето на средствата од УСАИД ќе ја погоди борбата против корупцијата, реформите, слободата на изразувањето, кое преку разни проекти се финансирани токму од американската помош во земјава.

„Ова е процес кој е во тек и искрено, не знам како ќе изгледа нашата поддршка за развој во иднина. Тоа се разгледува и мислам дека важно е да се разгледа. Но, како што веќе им реков, и јавно и приватно, на владата и нашите партнери: „Тука сме, САД не заминуваат“. Ангажирани сме, организираме фантастични настани преку партнерството. Значи, ќе го разгледаме и проучиме тоа, и кога ќе имаме конкретни одговори, со задоволство ќе ги споделиме со вас“, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Македонија.

Агелер рече дека како амбасада немаат проценка колку работни места ќе бидат загрозени со стопирањето и евентуалнотот повлекување на помошта.

Замрзнувањето на американската помош на три месеци стопираше 22 тековни проекти на УСАИД во земјава чија вкупна вредност е 72 милиони долари. Меѓу нив се проекти како зајакнување на енергетската безбедност и отпорност, во висина од над 2,7 милиони долари, проектот за сајбербезбедноста и отпорноста на критичната инфраструктура со повеќе од 2,6 милиони долари, потоа јакнење на националните системи за намалување на институционалната ранливоста од корупцијата со речиси 11,5 милиони долари, како и подобрување на транспарентноста на владата и јакнење на нејзините механизми за надзор за спречување на корупција со, речиси, шест милиони долари.

УСАИД финансираше проекти чии корисници беа министерствата за земјоделие, образование, животна средина, транспорт, но и институции од правосудството и локалната самоуправа.

Инаку, околу милијарди долари е сумата со која САД преку УСАИД го помогнале развојот на Македонија во изминатите 30 години.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе