Вести Македонија Топ вести

Нерешено меѓу уставните судии за независните листи, ќе пресуди Данева

Четворица уставни судии се „за“, четворица „против“ да се поведе постапка за укинување на новите измени во Изборниот законик, со кои на независните кандидати за пратеници, градоначалници и советници ќе им биде потешко да влезат во изборна трка. Одлучувачкиот глас ќе го има судијката Ана Павловска Данева, која денеска беше отсутна.

На судијката Јадранка Дабовиќ ѝ боде очи тоа што со изменетите членови, кои предвидуваат независните кандидати да имаат потписи од 1 процент од гласачите, за воопшто да поднесат листа, се доаѓа до несразмерност со претходната пракса која на локално ниво се движеше од 100 до 1.000 потписи. Со измените, во 42 општини нема да се зголеми прагот, но 84 проценти од гласачкото тело е токму во тие 37 општини во кои ќе се зголеми.

Судиите Татјана Бозаџиева и Осман Кадриу сметаат дека се направени повреди со носењето на законот во скратена постапка, без јавна дебата, а на тоа укажува и адвокатката на граѓанските организации кои ја поднесоа иницијативата.

Судијата Насер Ајдари е „за“ поведување на постапка, но не и за оценување дали е уставно носењето на закони во скратена постапка. Судијата Фатмир Скендер, пак, е „против“, затоа што смета дека Уставниот суд овде нема надлежност и ако некој закон е лош, не значи и дека е противуставен.

Судијката Кацарска смета дека Собранието нема надлежност да дава образложенија, туку владата, а Уставниот суд самиот ќе го прекрши Уставот ако ги укине оспорените членови. Дополнително, ќе навлезе и во бескрајни оспорувања на сите закони донесени по скратена постапка. Прагот на потребни потписи, според неа, освен во првата изборна единица, нема да се зголеми драматично, а во помалите места се работи за три до 20 потписи повеќе. Но, од граѓанските организации велат дека не е така.

Претседателот на судот, Дарко Костадиновски ги прифаќа аргументите на независните. Смета дека, граѓаните се ставени во нееднаква положба и ако се изземат од овој предмет, ќе создадат од парламентот уставно недисциплиниран орган, на кој никој нема да може да му застане на патот.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе