Вести Македонија Топ вести

Лотарија веќе платила 400 илјади евра за салата за свадби и прослави во Визбегово, бегалецот Перпарим Бајрами доби нова кривична пријава

Веќе е на потерница, за Перпарим Бајрами е поднесена нова кривична пријава за злоупотреба на службената положба извршена додека бил директор на Државна Лотарија и го изнајмил објектот за правење свадби и свечености во Визбегово, за ново седиште на Лотарија. На фирмата Хеј, која е во сопственост на Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“ и биле исплатени околу 400 илјади евра за кирија пред да биде раскинат договорот со кој месечниот надомест за изнајмување бил 9 евра за метар квадратен или двојно повеќе од пазарната цена во овој реон.

Директорот на финансиска полиција во интервју за ТОП Тема на Телма вели дека покрај неповолниот договор, државна Лотарија морала да вложи и дополнителни пари за пренамена на просторот кој бил несоодветен.

-Станува збор за закупнина месечно од околу 22 илјади евра. Дополнително, објектот не бил адаптиран и не ги исполнувал условите за намената на тендерот, па поради тоа било одлучено да се реновира и да се адаптира тој објект за што биле определени уште средства, во висина од 1,8 милиони евра. И покрај тоа што не ги исполнувал условите, и покрај тоа што била преголема киријата, почнало да се адаптира тој објект, изјави Слободан Ивановски, директор на Финансиска полиција во ТОП Тема на Телма (емисијата е на програмата вечерва, среда, 19.02.2025.)

Дополнителни проблеми кои се кривично дело според финансиската полиција, биле вишокот простор од објектот кој излегувал надвор од квадратурата на тендерот. Отпосле е направен договор за дополнителни 500 метри квадратни кои фирмата Хеј ги издала за беспари.

-На тој начин, пријавениот П.Б. во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА склучил договор за закуп на  деловни простории кои не биле адекватни за потребите на Државна лотарија и за цена за м2 која е повисока од пазарните цени. По склучување на договорот за закуп на деловни простории од страна на пријавениот иако истите не биле користени од страна на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА согласно намената од договорот за закуп, АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА на правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје му исплатила 24.636.045 денари, соопшти финансиската полиција.

КОД на Телма веќе објави во ноември дека договорот е раскинат поради причините кои сега се наведени во кривичната пријава на финансиска полиција. Уште тогаш просторот беше испразнет и недоуреден за седиште на државна фирма.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе