Вести Македонија Топ вести

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Новоформираната Стопанска комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалoци и тутун, бара итен состанок со премиерот Мицкоски и министерот Дурмиши откако Владата донесе одлука за скалесто ограничување на маржите и утврдување на највисоки цени.

Тие се незадоволни од одлуката за која сметаат дека одлуките на Владата се избрзани и ќе нанесат штета, ќе испратат негативна порака до потенцијалните инвеститори и ќе го доведе во прашање функционирањето на членките на оваа Комора кои вработуваат 4.700 лица.

Оттаму додаваат дека предлозите кои ги доставиле треба да се земат предвид и дека одлуките на Владата опфаќаат меѓу три и четири илјади производи, а во вчерашната изјава заменик министерот Марјан Ристески се демантирал.

„Од една страна се наведува дека основните производи се маржираат од 20-25%, што е причина за ограничувањето на маржата на 5%, но од друга страна се тврди дека нема да има значително намалување на цените. Логично е цените да се намалат за 15-20%, доколку се намали маржата на овој начин. Дополнително, овие одлуки не ги заштитуваат социјално загрозените граѓани, туку најголемата финансиска корист ќе ја имаат потрошувачите со повисоки приходи“, соопштуваат од Стопанската комора на трговци на големо и мало.

Од Владата се на став дека одлуките се базирани врз анализа на податоците за маржите и приходите, а за барањето за средба очекуваат официјално барање.

Владата вчера донесе две одлуки со кои ограничуваат маржи од 5 до 15 отсто за 102 групи производи а со другата се замрзнуваат цените за осум продукти. Шеќерот, млечни производи, маргарин, путер, грав, конзервиран зеленчук и овошје, газирани сокови, пиво, вино ќе бидат со маржа од 10 проценти, а со 15 дел од свежото овошје и зеленчук, детергенти, средства за хигиена и бебешка храна. По стапувањето на сила одлуките ќе траат до 30 април.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе