Вести Македонија Топ вести

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи

Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички услови и строго да се почитува куќниот ред во здравствените установи, особено во однос на користењето лична заштита – носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца, каде е возможно.

Ова се превентивните мерки за спречување на ширење на грипот по препорака на Комисијата за заразни болести, а Министерството за здравство ги задолжува јавните здравствени установи да ги почитуиваат.

„Мерките се од исклучителна важност за здравјето на пациентите и здравствените работници, согласно актуелните епидемиолошки податоци кои укажуваат на пик на сезонскиот грип. Комисијата за заразни болести продолжува да ја следи епидемиолошката состојба во државата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Како што е објавено на веб-страницата на Институтот за јавно здравје – Скопје, од трети до деветти февруари 2025 година во земјава се пријавени 2.880 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 5,1 отсто помалку во споредба со претходната недела.

Од пријавените, 1.552 лица се на возраст од 15-64 години, 685 кај деца на возраст од пет до 14 години, 371 кај деца на возраст од 0-4 години и 272 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во Скопје се пријавени 692 заболени, во Струмица – 333, во Битола – 304, во Свети Николе – 158, во Охрид – 141, во Велес – 140, во Радовиш – 122, а во Кавадарци и во Куманово по 109 заболени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе