Голем граѓански пречек денеска беше организиран за студентите кои се вратија од вчерашниот празничен митинг во Крагуевац.
Пречекани од голем број таксисти но и граѓани со сопствени возила се вратија од неколкудневниот марш кој се одвиваше во повеќе етапи за да бидат дек од големиот протест.
Сите што се приклучија на маршот и пешачеа до Крагуевац беа закитени со медали и благодарници.
На протестниот митинг кој се организираше во Крагуевац присуствуваа илјадници луѓе, и беше последен во низата протести кои ги организираат студентите во Србија по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад при што загинаа 15 лица.
Покрај правда, студентите бараат одговорност, ставање крај на корупцијата во земјата и политичка одговорност.
Следниот голем собир, српските студенти го закажаа за 1.март и тој ќе се одржи во Ниш.
PUMPAAAAAJ! STIGLI OSLOBODIOCI 👏👏👏👏👏👏👏👏 pic.twitter.com/bYw9FErmDg
— Profesori uz studente, Niš (@ngp_nis) February 16, 2025