Вести Свет Топ вести

Вучиќ: Студентските протести „ќе влезат во историјата на срамот“ како највалканата обоена револуција

Во Сремска Митровица, мал град северозападно од Белград, Вучиќ одржа митинг на кој традиционално ги повтори националистичките теми, предупредувајќи дека Западот сака да го собори со сила и дека тоа може да доведе до распад на земјата.

 

Пред митингот на кој присуствуваа илјадници негови поддржувачи, Вучиќ рече дека студентските протести „ќе влезат во историјата на срамот“ како „највалканата обоена револуција во историјата на човештвото“, мислејќи на Украина и другите бунтови против авторитарните влади во Источна Европа и на други места во 1980-тите и 90-тите.

На митингот, Вучиќ рече дека повеќе од 3 милијарди евра се инвестирани од странство за да го соборат од власт, но дека студентската „револуција“ не успеа.

Сепак не понуди никаков доказ за ваквите тврдења пред насобраниот народ.

Претседателот кој владее со Србија со цврста контрола на власта повеќе од една деценија и неговата десничарска Српска напредна партија претходно беа обвинети за задушување на демократските слободи, јавно дискредитирање на противниците и местење на изборите.

Во однос на несреќата од Нови Сад од ноември минатата година обвинителите покренаа постапка против 13 лица за падот на настрешницата, а протестите го принудија српскиот премиер да поднесе оставка.

Но, студентите рекоа дека нивните протести ќе продолжат се додека не се исполнат нивните барања за целосна одговорност.

Српските студенти со огромен протест во Крагуевац

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе