Пандовски вели дека бележиме пад од 12 позиции, но бележиме пад од само помалку од два поени од претходната година.
„Е сега колку е тоа ирелевантно? Тука зборува фактот дека 2022 година, податоците кои ги имавме за 2022 година беа обработувани во 2023 година, тогаш имавме исто 40 поени и се наоѓавме на 85 позиција, пота имавме 42 се наоѓавме на 76 позиција, и сега се наоѓаме на 88 позиција. Значи позиционирањето на онаа ранг листа на држави во делот на индексот на перцепција за корупција всушност зависи како успешноста на самата земја во борбата против корупцијата, па така и успешноста и неуспешноста на другите земји кои се наоѓаат на листата. Оваа година имавме само три земји кои имаа покачување на позицијата на листата како Словенија, Албанија и Косово сите други имаа пад. За жал Македонија гледано во регионот се наоаѓа на третото место одоздола, под нас се само БиХ и Србија“ вели Благоја Пандовски, шеф на локална канцеларија на Транспаренси интернешнал.
Независни стејкхолдери, независни чинители или истражувачи ги вршат анализите. Тоа се всушност анализи, односно овие седум организации си ги издаваат посебно како публикации, истражувања.
Главните точки на седумте оценувачи кај нас се однесуваат на јавниот сектор, се однесуваат на сузбивањето на корупција во високата политика, на јавните функционери, се однесуваат на злоупотребата на државните фондови, на казнивоста, на бизнис секторот, на одредени економски моменти врзани со корупција. Кога тие ќе ги дадат своите извештаи Транспаренси ги бодира и потоа согласно методологијата на седумте оценувачи се делат со количникот седум и се добива една вредност. Така се добива поентирањето.