Министерството за правда сè уште не го испратило предлогот за разрeшување на Коцевски до Советот на јавните обвинители. Коцевски не одговори на повикот на премиерот сам да се повлече. Повиците за оставки досега не ги прифатија ниту членовите на Судски кои најавија дека ќе се произнесат, откако ке ги анализираат интерпелацииите против нив, но од Судски денеска реагира на изјавите на функционерите.
„Секој обид за поткопување на независноста на судската власт, преку притисок од било каков вид и од било кого против членовите на Судскиот совет и судиите, претставува директна закана за независноста и демократијата на државата и владеење на правото“, стои во соопштението.
„Членовите на Судскиот совет и судиите мора да бидат ослободени од каква било форма на притисок и влијание, за да одлучуваат самостојно и независно и во таа насока Судскиот Совет упатува апел до сите носители на јавни функции, во своето работење и делување доследно да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот, со цел владеење на правото и враќање на довербата кај граѓаните во системот“, соопштуваат од Судски совет.
Ваквата реакција следува откако премиерот Мицкоски рече дека со притисок на јавноста ќе се борат за тие да си поднесат оставка, откако ќе помине интерпелацијата која, пак, ја нарече удар во чело. За лидерот на СДСМ, смените и разрешувањата на членови во Судски и државниот обвинител ќе значат упад во системот и груба партизација, смета лидерот на СДСМ за реформската агенда. Филипче посочува дека реформската договорена со ЕУ е патоказ за правосудството, а според неа законот за судски совет треба да биде донесен до јуни.
„Сметам дека најавите на Владата да се интервенира во делот на промена на членови на Судскиот совет и иницијативата за смена на јавниот обвинител апсолутно не е никаква реформа, туку е обид за партизација на системот. Постои јасна стратегија којашто е содржана во Планот за раст, којшто владата на СДСМ го спремаше, а оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот го потпиша во Брисел, во којашто јасен е патоказот по која временска рамка треба да се оди за да се имплементираат различни измени на закони за вистински се реформира Судскиот совет и севкупниот правосуден на систем кај нас“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.
Власта најави дека ќе го разршеува државниот обивнител поради индексот на корупција на Транспаренси, но и откако оцениле дека незаконска е одлуката донесена во советот на јавни обвинители, а на предлог на Коцевски да се постави раководител на чело на вишото скопско обвинителство чиј шеф Мустафа Хајрулахи е суспендиран од пред неколку месеци. Коцевски одговори дека постапувал законски, а владата не била добро информирана.
Елена Ивановска Мукоска