Вести Македонија

МЦМС: Речиси 60 отсто од граѓаните сметаат дека безбедноста во земјата е загрозена според анкетата од 2024 година

Половина од граѓаните на Македонија односно 52,7 проценти се чуствуваат безбедно во средината во која живеат и работат, но мнозинство од граѓаните речиси 60 проценти сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Ова го покажа истражувањето на Македонски центар за меѓународна соработка спроведено со телефонска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници во периодот од 29 април до 13 мај 2024 година.

Граѓаните сметаат дека самите најдобро ќе ја заштитат својата и безбедноста на нивното семејство, дури 46,2 процетни од нив. Секој втор граѓанин на Македонија е подготвен да посегне по насилство за да ја заштитат езбедноста на нивното семејство.  Граѓаните најбезбедно се чувствуваат дома, дури 91 процент. Како се зголемува дистанцата од домот процентот се намалува.

Една петтина одговориле дека никому не му веруваат, а само 19 проценит сметаат дека полицијата најдобро би ги заштитила. Истражувањето покажало и дека загриженоста кај граѓаните се намалува со зголемувањето на степенот на образование од 67 проценит кај оние со незавршено основно, до 47,2 проценти кај испитаниците со завршено високо образование.

Истражувањето покажало дека околу една третина од граѓаните се чувствуваат безбедно затоа што живеат нормално и го почитуваат законот и редот, додека една петтина како фактор за чувството за безбедност го препознаваат нивното добро опкружување. Причините за чувството за небезбедност граѓаните ги лоцирале – 20 проценти поради уличниот криминал и насилство, а околу 15 проценти такво чуство имаат поради лошата економска состојба и сиромаштија.

За тоа што може да влијае врз безбедноста дури 58 проценти сметаат дека е тоа невработеноста и сиромаштијата, 52 проценти сметаат дека тоа е појавата на локален тероризам и вооружен бунт, додека во меѓуетничките тензии закана за безбедноста гледаат 51,3 проценти од граѓаните.

На прашањето: „Кого штити македонската полиција?“ 30 проценти од испитаниците одговориле дека таа ги штити криминалците кои се во спрега со политичарите и државата. Дека полицијата ги штити финансиските моќници, односно политичарите кои ги злоупотребуваат државните ресурси, сметаат 25 проценти од граѓаните. Само 18 проценти сметаат дека полицијата ги штити граѓаните и нивниот имот.

Граѓаните за да се подобри безбедноста сметаат дека треба да се зајакнат законите и нивното почитување.

Најголем процент од граѓаните сметаат дека за да се намали загрозеноста на безбедноста треба да јакнат институциите, но да се вложува во луѓето кои се дел од системот на безбедност преку зголемување на плати и опремата со која располагаат.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе