Вести Свет Топ вести

Кремљ: И Зеленски „ќе биде вклучен“ во мировните преговори

Украина ќе биде вклучена во секакви мировни преговори, порачаа руски претставници. Ваквата порака од Кремљ доаѓа по изјавата на Володимир Зеленски дека украинската страна нема да прифати договор без нејзино присуство на маса.

Секретарот за одбрана на САД, Питер Хегсет, по министерскиот состанок на НАТО попладнево во Брисел, потврди дека, покрај Путин, во мировните преговори ќе биде вклучен и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека признавањето дека границите на Украина е нереално да се очекува да се вратат како пред 2014 година, не е отстапка за рускиот претседател, туку признавање на реалната слика на теренот.

Тој на западните сојузници им порача дека безбедноста на Европа, повеќе не е приоритетен фокус за САД и порача дека од европските нации ќе бара да обезбедат поголема воена помош за Украина.

Меѓу европските лидери владее поделеност, загриженост, но и надеж за успешно завршување на преговорите за постогнување мир меѓу Русија и Украина. По телефонскиот разговор со Путин, Трамп изјави дека планира да се сретне со неговиот руски колега во Саудиска Арабија, предупреди дека Украина не треба да очекува враќање на своите граници пред 2014 година и ја отфрли можноста Украина да стане членка на НАТО алијансата.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе