Вести Македонија

Договор за секоја општина посебно на локалните – СДСМ ги проценува можните коалиции, секоја партија е во игра

Социјалдемократите планираат коалиција за секоја општина посебно, на претстојните локални избори. Ставот е непотврден, но сите дискусии во рамки на раководството, пратеничката група, централниот и извршниот одбор одат во таа насока, вели претседателот Филипче.

Со кого и како ќе соработува СДСМ – тоа допрва ќе се проценува. Секоја партија е во игра, во зависност од општината.

Филипче не отфрла коалицирање ниту со ДУИ во одредени општини, иако пред неколку недели во едно интервју кажа дека СДСМ научи многу сериозна лекција од соработката со интегративците и многу работи им се удриле од глава, па поради тоа ќе формираат само принципиелни коалиции во иднина.

Тогаш од ДУИ одговорија дека имаат партнерство со граѓаните, а се консултираат и со другите партии од Европскиот фронт за заеднички настап на локалните.

Новите раководства во општинските организации работат на идентификување на имиња внатрепартиски, партиските членови, меѓутоа и можни други наши потенцијални коалициони кандидати од други партии или независни листи, граѓански организации, со коишто би разговарале да се поддржиме соодветно коалициски. Па, ќе видиме, ќе разговараме за опциите, кажа Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Запрашан дали СДСМ размислува за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ во општини како Кичево и Струга, Филипче вели дека тоа е интересно прашање, но за такво нешто ќе се разговара во следните месеци.

Кон крајот на март се очекува да заврши внатрпартиската анализа на потенцијалните кандидати за локалните избори, а во првата половина на април ќе се знаат и резултатите од мерењата на јавното мислење и расположението помеѓу членството.

Од друга страна, партиите од владината коалиција најавија договор за поддршка, но дали тоа ќе биде во првиот круг или подоцна, е нешто што допрва ќе се утврдува.

Во меѓувреме, додека се формира партиската позиција за локалните, во СДСМ паралелно се одвива и друг внатрепартиски процес. Мандатот на партискиот претседател му завршува на 21 март и изборите се закажани пет дена пред тоа, на 16 март.  

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Големи протести во Белград

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и локална нестабилност – Временска прогноза за 16.3.2025

Дејан Дејан

Со пасат се судрил со полициски голф, повредени 4-ца полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе