Вести Македонија

Расте бројот на заболени од рак, но државата полесно троши пари за лекување отколку за превентива

Загрижувачки е растот на малигните заболувања, посебно кај младата популација, а државатa се уште полесно издвојува пари за лекување, отколку за превенција, посочија учесниците на денешната дебата што се одржа во Владата по повод 4 февруари – Светскиот ден за борба против ракот. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски вели дека бесмислено е да се зголемуваат буџетите за  терапија, ако нема рана дијагностика.

„Дилемите што ги имаме во Фондот во однос на превенција и рано откривање е дека понекогаш потешко се одлучуваме да одвоиме 100 милиони денари за превентивни прегледи за рак на простата, а не би имале проблем тие 100 милиони да ги одвоиме во буџетот за лекување, бидејќи се уште сме премногу фокусирани на третман, а недоволно на превенција и рано откривање“, рече  Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство

Клековски рече дека веќе се работи на децентрализација на хемо и онкотерапијата, а Клиниката за радиотерапија и онкологија ќе биде во директна комуникација со онколошките оддели „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово и ќе се следи како се поместуваат работите.

„Работите се полоши отколку во 2018 година, кога е правена студија за состојбите. Има помалку кадар, недостасува опрема. Доктори од таму ќе дојдат на обука во Скопје, ќе се воспостават протоколи и патокази за третман што ќе ја овоможи децентрализацијата која е тесно поврзана со регистарот што го работат онколозите и стручните комисии“, рече Клековски.  

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојановски, пак, посочи дека кадрите се на обука и веќе се подготвени да почнат со рабoта .

Директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија Игор Стојановски на дебатата информираше дека имаат три современи акцелератори со сите модерни радиотераписки техники.

Заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски, рече дека во изминатите неколку години, скринингот на рак на дојка и на грло на матка, сепак, е во пораст, а ќе се овозможи и закажување преку матичните лекари.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе