Вести Свет

Грчката влада ги прошири мерките на уште девет острови поради земјотресите околу Санторини

Илјадници луѓе ги напуштија островите Санторини, Анафи, Иос и Аморгос, стравувајќи дека зголемената сеизмолошка активност околу Калдерата Санторини може да резултира со силен земјотрес. Авиокомпаниите го зголемија бројот на летови, додека кон островите, исто така, се испратени и повеќе траекти. Дури една третина од 16.000 жители на Санторини веќе го напуштиле островот.

„Дефинитивно сме исплашени. Невозможно е да не се плашите. Хаотично е. Живееме таму и заминавме поради земјотресите“, велат жители на островот.

Последниве неколку денови имаме земјотреси на секои 10 минути. Одлучивме дека би било најдобро да заминеме, бидејќи имаме и мали деца. Тие се мои внучиња, и затоа како семејство одлучивме да заминеме.

Грчката влада воведе низа мерки за претпазливост, првично за трите острови околу Санторини, но од утрово ги прошири на уште девет острови од Кикладите. Сите училишта се затворени, најголемиот дел од продавниците и малите локални бизниси на островите се затворени, спасувачки тимови поставија привремени прифатилишта, а на луѓето им се препорачува да останат смирени, да ги почитуваат насоките од властите и да не посетуваат места каде што постои опасност од одрони.

„Има малку страв, кога има земјотреси мора да биде малку страшно. Многу се зборува за Калдерата, не одете кај Калдерата, многу се зборува за тоа. Ако нешто треба да се случи, ќе се случи таму, ќе се случи во Оиа и Имеровигли, каде што сѐ виси. Опасноста е насекаде. Главната работа е да нема паника, да нема страв, тоа го велиме“, изјави Панајотис Хаџигеоргиу, жител на Санторини.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар регистрирал повеќе од 550 потреси во областа од 28 јануари до вчера, најголемиот дел од кои биле толку слаби што само инструментите можеле да ги детектираат. Овие потреси експертите ги сметаат за слаби и како што не можат да предвидат дали регионот ќе го погоди силен земјотрес, исто така не можат дефинитивно да ја исклучат можноста и од вулканска ерупција.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе