Вести Македонија

Инспекторите на терен ги проверуваат маржите кај производителите, дистрибутерите и маркетите – Граѓаните сметаат дека треба да се продолжи со бојкотот на маркетите

Инспекторите на терен ги проверуваат маржите кај производителите, дистрибутерите и маркетите, граѓаните сметаат дека испратиле порака, не мислат дека донесе голем ефект, но треба да се продолжи со бојкотот кој го преполови прометот на маркетите.

Државните инспектори сè уште прават проверки на терен, а поради како што велат, обемната анализа, очекуваат деновиве да излезат со конечни информации дали и колку трговците се придржувале кон цените.

За во иднина планирано е контроли да се спроведуваат координирано со Комисијата за заштита на конкуренцијата, во согласност со Меморандумот за соработка склучен меѓу двете институции, велат од Државниот пазарен инспекторат.

Управата за јавни приходи објави дека осумте најголеми трговски ланци во петокот, поради бојкотот, имале промет од 114 милиони денари. За разлика, пак, од четвртокот и претходниот петок кога трговците заработиле речиси двојно поголем промет од околу 213 милиони денари.

Додека траеше бојкотот дел од супермаркетите понудија голем број акции и намалувања на некои производи, дел производители, пак, кројат нови цени. Според информации на Телма, се очекува некои млекарници оваа недела да имаат и за 3 до 4 проценти повисоки цени на млекото и јогуртот.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека последните три години храната поскапела за 36 проценти. Основните продукти како лебот поскапел за над 40%, месото над 36%, млекото, сирењето и јајцата за 39 отсто, овошјето за 33 отсто, а зеленчукот за над 44 проценти.

На социјалните мрежи граѓаните повикуваат за нов бојкот в петок насловен како „Црн петок“ за маркетите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе