НАЈГОЛЕМИТЕ МИСТЕРИИ ВО ИСТОРИЈАТА ги истражуваат можните објаснувања за некои од најзбунувачките настани во светот. Тоа е едночасовна документарна серија која ги испитува врвните теории околу најенигматичните нерешени мистерии во светот.
Исчезнувањето на Д.Б. Купер, потонувањето на Титаник, инцидентот со НЛО во Розвел и судбината на Џон Вилкс Бут по атентатот на Линколн се само дел од овие мистериозни настани.
Домаќин и раскажувач е, номинираниот за Оскар и добитник на наградата Еми, Лоренс Фишбурн.
Секоја епизода ги расветлува овие загатки со помош на врвни историчари, автори, научници и истражувачи. Од нерешени злосторства до изгубени и закопани богатства, смрт и исчезнување на познати личности.