Претседателот на народното собрание на Црна Гора, претседателот на народното собрание на Република Српска, личен пратеник на српскиот претседател и српските министри за дијаспора и култура ќе бидат гости на годинешната манифестација за одбележување на националниот празник на Србите, што ќе се одржи в понеделник во Македонскиот народен театар.
Но, главен гостин ќе биде патријархот на Српската православна црква, Порфириј. Неговото гостување го најави вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, кој рече дека на посетата гледа и како на гест за помирување во регионот.