Петмина хрватски државјани, претставници на невладини организации кои учествувале на работилниците организирани од Фондацијата Ерсте во Белград, дел од ноќта ја поминаа со белградската полиција, која на крајот ги протера од Србија и им забрани влез во земјата на една година. Во одлуката за нивна депортација се наведени „причините за заштита на безбедноста на Република Србија и нејзините граѓани“.
Хрватското Министерство за надворешни работи, „поради односот и третманот на хрватските граѓани во Србија“, ги повика граѓаните да ги одложат сите несуштински патувања во Србија. Хрватска претходно испрати протестна нота до Србија.