Вести Македонија

Мицкоски за грчката реакција: Зачуден сум, како тие се почувствувале повикани за коментар по мојата изјава

Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека е зачуден зошто има  реакција од Грција по негова изјава дадена пред Македонците во Њу Џерси бидејќи „од каде тие се почувствувале повикани кога никој не беше споменат во таа моја изјава“.

Тој во интервју за МТВ даде коментар за последните грчки реакции и рече дека не ја разбира реакцијата на грчкото министерство за надворешни работи на неговата изјава од Њу Џерси, САД, дека „треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска, бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои“.

Мицкоски додаде дека немало да бидат испровоцирани

„Мојата цел и мојата порака е јасна. Како претседател на Владата би било неодговорно и предавнички кон македонскиот народ, кон македонските граѓани, јас да кажам дека македонското прашање е затворено во услови кога ние не сме дел од европското семејство, а патот сме го почнале многу пред можеби некои земји членки кои се таму и тоа е прашање што стои отворено“, рече Мицкоски.

„Додека сум жив и се занимавам со оваа работа ќе се борам овие неправди да бидат исправени во 21. век. Кога мене ќе ме нема и нема да ја вршам оваа работа, тогаш останува на генерациите по мене. Но мора да имаме институционална трага дека сме се бореле, не сме го напуштиле бојното поле и не сме биле предавници на македонскиот народ и на македонскиот идентитет“, изјави во интервјуто.

Грција изјавата на Мицкоски дека македонското прашање не е решено го смета за провокација

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе