„Ова е бесрамно неуставна наредба“, рече судијата Џон Кофенур за време на рочиштето, на кое издаде привремена забрана за извршување на наредбата на Трамп, со која американскиот претседател сакаше да им го укине правото на државјанство на децата родени во САД од родители мигранти.
Вкупно 22 сојузни држави се приклучија на тужбата која ја оспорува оваа извршна наредба затоа што е во спротивност со 14-от Амандман на американскиот Устав, со што се остварија очекувањата на експертите дека токму оваа од десетиците наредби кои Трамп ги потпиша на првиот ден на функцијата, ќе биде првата оспорена пред американските судови.