Трамп планира набрзо да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, на кого ќе му порача да ја запре војната во Украина, во спротивно американскиот претседател ќе потпише нова извршна наредба која ќе ја ослободи американската енергетска моќ, рече во интервју за британскиот јавен сервис шефот на неговиот транзициски тим Роберт Вилки.
Ќе започне протокот на американскиот природен гас кон Европа, а американското присуство на нафтените глобални пазари ќе ја спушти цената на нафтата, што ќе ја банкротира руската економија. Тоа ќе има исклучително влијание врз воената економија на Путин, рече за БиБиСи Вилки.
Поранешниот секретар за воени ветерани во првата администрација на Трамп, Вилки се осврна и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за кого рече дека Трамп ќе му замери затоа што не направил доволно за да мобилизира повеќе од машката популација во земјата за војната.