Вести Македонија

Изработено е упатство за наставници за предизвиците на учениците со социјалните мрежи

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информираше дека е изработено упатство за наставниците во сите основни и средни училишта во однос на предизвиците со кои се соочуваат учениците на социјалните мрежи, особено на социјалната мрежа „ТикТок“.

Упатството, како што рече, е споделено со педагошката служба во Министерството за образование и наука, а остварени се и неколку средби со претставници на Министерството.

„Ова упатство ќе биде насочено кон сите наставници во сите училишта, да поразговараат со децата за предизвикот којшто се случува со социјалните мрежи затоа што ова се алатки со неограничени можности, но за жал, никој од нас никогаш не бил обучен како правилно да ги користи. Тука започнавме со упатството и истото ќе го објавиме на нашата веб-страница, ако не е веќе објавено, има и кју-ар код на истото којшто ве води до корисни веб-страници или алатки коишто родителите можат да ги користат за да го ограничат пристапот на секое од децата, што значи дека може да ограничат во семејството конкретни веб-страници или апликации да, не можат да се симнуваат или да се употребуваат“, изјави Андоновски.

Ова, според министерот, е првиот чекор. Вториот чекор, како што рече, е формирање центар за побезбеден интернет што дополнително ќе им дава ресурси и помош на децата. Андоновски очекува овој центар да биде формиран до крајот на годината, а во моментов, како што рече се работи на физибилити студија.

Третата и според Андоновски, не толку популарна мерка, е целосно забранување на овие апликации. Министерот вели дека лично е противник на нарушување на нет-неутралноста и заземање страна во поглед на забрана на апликациите. Оценува дека на тој начин постои голема веројатноста децата да се префрлат на некоја друга мрежа.

„Државата не смее да биде таа којашто постојано ќе забранува апликации и со тоа ќе ги наруши демократските принципи на општеството, но ако забележиме дека мерките што сега ги преземаме не се доволни секако можеме да го задржиме правото со одредени измени во Законот за електронски комуникации да преземеме и вакви мерки“, изјави Андоновски.

Со фрактури на едното стапало и сомнеж за скршеници на градните пршлени ученикот од Прилеп кој падна од третиот кат е префрлен на Детска хирургија

Почина тинејџерот кој настрада од струен удар, додека се снимал на вагон цистерна

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Уникатна изведба на „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугарија

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе