Вести Македонија

Ангеловски: Законот за нефер трговски практики порано да почне да функционира тоа ќе биде од сеопшта корист

Трајан Ангелоски од Сојуз на стопански комори објасни дека станува збор за еден гест од добра волја од страна одреден дел од трговците, не сите биле обврзани да учествуваат. Доколку се земе во предвид дека се извршила корекција на околу 1000 производи, и се направила анализа на 50 до 60 илјади производи во маркети кои не се на листа, тука настанал еден систем на намалување, каде  трговците намалиле одредени производи кои Синдикатот ги нема во нивната анализа.

Тој изјави дека „Ние се повеќе увезуваме храна, а кога увезуваме храна, особено тоа што Македонија има високи царински стапки, да не се изненадите дека дел од овие производи ги проверите во македонските маркети и ги проверите во грчките и бугарските маркети кои се дел од ЕУ, еден добар дел од производите се со помала цена од оние кај нас.“

„Мора да се оди кон реформа на целокупниот пазар, затоа ние сметаме дека законот за нефер трговски практики ден порано да почне да функционира тоа ќе биде од сеопшта корист, за сите за да можат да се анализираат процесите. Целокупните политики што оваа држава треба да ги прави во следниот период е што е моќно повеќе домашно производство на храна и на тој начин да се обидеме да ги контролираме цените“ посочи Ангеловски.

Додека Џемаил Даути од Сојуз на стопански комори на северозападна Македонија изјави дека „Со новогодишната кошничка имаше еден џентлментски пристап со договарање, анализирање и кој што можеше да направи. Во пракса кога има обвинување има име и презиме. Компанија таа и таа се сложила да ги намали цените, а не ги намалила. Не може една цела фела да се обвинува. Како пристап беше добро, и верувам дека ќе го продолжуваат. Ние имаме еден проблем каде што институциите не фукнционираат, и имаме едни исти производи со големи царини.“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Уникатна изведба на „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугарија

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе