Не очекувам да има драстично свртување по однос на сите важни прашања, точно е дека ќе има насочување или пренасочување ама ќе нема целосна промена, смета Андреј Стојковски, извршен директор на Преспа институт, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Колку сме ние важни? – Државите кои се поблиску до Украина ќе имаат многу поголема важност одошто ние. И територијално сме многу мали за да бидеме многу важни. И во таа смисла не очекувам дека нешто многу посебно ќе се промени. И точно е дека имаме енормни шанси за соработка.